Икер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Икерmap
Remove ads

Икер или Укер[1](германски: Uecker или германски: Ucker) — река во североисточните германски покраини Бранденбург, каде е позната и како Укер, и Мекленбург-Западна Померанија. Нејзиниот извор се наоѓа во округот Укермарк, близу селото Алт-Темен. Тече северно низ Оберукерското, Моленското и Унтерукерското Езеро, каде се наоѓа стариот град Пренцлау. Близу малото село Ниден (на граница помеѓу Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија), Укер го менува името во Икер. Продолжува северно низ градовите Пазевалк и Торгелов и поминува низ општината Егесин. Тука се влева реката Рандов. Во Икерминде, Икер се влева во Шчеќинскиот Залив, кој е поврзан со Балтичкото Море низ трите премини Пене, Швина и Ѓивна.

Кратки факти Место, Должина ...

Името „Икер“ потекнува од полапскиот збор vikru/vikrus, кој означува „брз“.[2] Икер го дели своето име со историската област Укермарк, округот Укермарк и поранешниот округ Икер-Рандов.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads