Усман Дембеле

From Wikipedia, the free encyclopedia

Усман Дембеле
Remove ads

Масур Усман Дембеле (роден на 15 мај 1997 година) — професионален француски фудбалер, напаѓач на Барселона и на француската репрезентација.

Кратки факти Усман Дембеле, Лични податоци ...

Роден во Вернон, Дембеле ја започнал својата кариера во Рен пред да се приклучи на Борусија Дортмунд во 2016 година. Тој го освоил Купот на Германија со Борусија Дортмунд во сезоната 2016-2017, постигнувајќи погодок во финалето. Една година подоцна, тој бил купен од страна на Барселона за сума од €105 милиони, влегувајќи во списокот на најскапите фудбалери како втор најскап фудбалер заедно со својот сонародник Пол Погба. Во првата сезона играјќи во Шпанија, Дембеле ги освоил Примера Дивисион и Купот на Шпанија иако дел од сезоната му била попречена поради повреди.

По 20 настапи, постигнувајќи пет погодоци за различни младински селекции, Дембеле дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 2016. Тој бил повикан во француската репрезентација за Светското првенство 2018, на кое триколорите ја освоиле титулата.

Remove ads

Животопис

Дембеле е роден во Вернон од мајка од мавританско потекло и татко од Мали.[2][3]

Клупска кариера

Рен

Дембеле го направил своето деби играјќи за вториот тим на Рен во Втората француска аматерска лига на 6 септември 2014, влегувајќи на местото на Зана Али во победата со 2-0 над резервниот тим на Генгамп со 2-0.[4]

Своето деби за првиот тим на Рен го имал на 22 ноември 2015 во натпреварот против Бордо (2-2) во Лига 1 и во истиот го постигнал својот прв професионален гол.[5]

Борусија Дортмунд

На 12 мај 2016 потпишал петгодишен договор со Борусија Дортмунд.[6]

Барселона

На 25 август 2017 година, тој се преселил во шпанската Ла Лига, а тимот на Барселона објавила дека постигнала договор со Борусија Дортмунд за Дембеле, во вредност од €105 милони евра плус бонус додатоци,[7][8] додека медицинските прегледи биле закажани за 28 август.Тој потпишал петгодишен договор и неговата клаузула за откуп била поставена на 400 милиони евра. Овој договор резултирал со тоа да стане негов втор најскапиот играч (во евра), по поранешниот играч на Барселона Нејмар.[9] Рен добил 20 милиони евра од Борусија Дортмунд како резултат на продажбата.[10]

Remove ads

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 20 декември 2016.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција, Дата ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads