Фатос Арапи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фатос Арапи (албански: Fatos Arapi, Валона, 19 јули 1930 [1] – 11 октомври 2018 ) – албански поет, раскажувач, преведувач и новинар. Публикациите на Арапи биле многу ценети од неговите читатели и другите писатели и добиле разни национални и меѓународни поетски награди. Во 2008 година Арапи станал првиот албански поет кој го добил „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Remove ads
Животопис
Рани години
Арапи е роден во 1930 година во Валона.[2] Студирал економија во Софија, Бугарија од 1949 до 1954 година, потоа работел како новинар во Тирана.[3]
Кариера
Арапи бил професор по историја и филологија на универзитетот во Тирана.[2]
Арапи бил пионер на слободниот стих и експерименталната поезија во 1960-тите години во албанската книжевност. Неговиот творечки опус се состои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечните 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија „Поетски патеки“ и „Поеми и стихови“. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на поединецот од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија.[4]
По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Ги има преведено на албански јазик делата на Сафо, Пабло Неруда и Никола Јонков Вапцаров. Приредувач е на антологиите „Песните на народот“ и „Антологија на турскиот стих“. Преведен е на повеќе светски јазици.[5]
Смрт
Арапи починал на 11 октомври 2018 година.[2]
Remove ads
Творештво
Поезија
- Shtigjet poetike (Поетски патишта), 1962
- Poema dhe vjersha (Поеми и стихови), 1966
- Ritme të hekura (Ритми на железото), 1968
- Më jepni një emër (Дај ми име), 1972 (подоцна забранета од режимот на Енвер Оџа)
- Gloria victis, 1997
- Eklipsi i endrrës (Сончево затемнување), 2002
Раскази
- Patate të egra (Кисели компири), 1970
- Dikush më buzëqeshte (Некој ми се смее), 1972
- Gjeniu pa kokë (Гениј без глава), 1999
Драми
- Partizani pa emër (Анонимниот партизан), 1962
- Qezari dhe ushtari i mirë Shvejk (Цезар и добриот војни Швејк), 1995
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads