Фес (капа)
Турска капа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фес (турски: fes, арапски: طربوش) – капа во форма на пресечен конус, црвена, обично со црн пискул закачен на средината од врвот, карактеристична за Турците[1].

Фес (носија)
До крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, фесот бил една од најраспространетите капи во Македонија и претставувал симбол на турско-ориенталниот начин на облекување. Иако постепено се ширела европската мода, фесот продолжил да се носи како дел од традиционалната облека, и во градските и во селските средини. Во селата бил сметан за поубава и посебна капа. Се носеле неколку варијанти: плиток фес познат како „скадарски фес“ со тркалезна форма и голем пискул, нарекуван и „тунос“, „туно-вес“ или „тунус“; потоа длабок фес со заоблена куполеста форма и пискул; и еден исклучително длабок модел со рамно дно, кој можел да биде со или без пискул. Најчесто фесот бил црвен, но се среќавал и во црна боја. Мажите во многу краишта околу него завиткувале бела крпа. Црвениот фес бил најзастапен и се носел во голем број предели: Скопска Блатија, Кумановско, Горни Полог, Голо Брдо, Дебарски Дримкол, Дебарско Поле, реканскиот крај кај Мијаците, Струшко Поле, Струшки Дримкол, Малесија, Дебарца, Охридско Поле, Кичевско, Порече, Цапарско Поле, горнобитолските села, Мариово, Овче Поле, северните села од Велешко, Радовишко-Струмичко Поле, Бојмија - Гевгелиско, Дурачка Река, Малешево, како и кај Валандовските и Радовишките Јуруци. Црниот фес, пак, бил вообичаен во Скопска Црна Гора, но не се исклучува негова употреба и во други региони. Изработката на фесот се состоела во плетење тенка волнена врвца која кружно се редела од врвот надолу. Потоа, капата се валала сè додека не добие мазна површина слична на чоја, по што се ставалa на калап за да ја добие посакуваната форма. Во Македонија фесовите главно се увезувале од Турција, но и од други земји со кои македонските трговци и занаетчии имале деловни врски.
Како битен дел од женската носија, но и како невестински украс се носел во областите како Скопска Блатија, Долни Полог, Горна Река, Мавровско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол, Дебарско Поле, Долна Преспа, Прилепско-Битолско Поле, Велешко (особено кај исламизираните Македонци), Овче Поле, Гевгелиско-Бојмија, Малешево и Радовишко (кај Турците Јуруци). Горниот дел на фесот обично бил украсен со тепелак – декоративен елемент над челото, често нанижан со монистра и пари. За да се придржува на главата, под брадата се врзувал „подбрадник“, парче клашна украсено со пари. Во селските средини, над фесот се ставале и дополнителни покривки за глава, чии форми, материјали, везби и бои варирале во зависност од регионот. Тие носеле различни имиња и изразувале локални естетски и обредни карактеристики.
Невестите покрај фес и марама, обично носеле и богат накит изработен од метал и монистра, како и природни растенија – најчесто босилек, бршлен и слично. За ова сведочи и описот на Ј. Х. Васиљевиќ за невестинскиот фес од Овче Поле: "Во Овче Поле невестата носела "вес" голем како машкиот. Преку него се врзувала шамија, превиткана толку пати дури достигне ширина 3-4 прста, а над шамијата, на темето од весот се ставал венец од природно цвеќе. Во зима венецот се правел од сув босилек, а потоа целата глава се прекривала со бел проѕирен "тулбен" кој се правел од посебно домашно платно". Во градските средини, обично се носел само фес без марама, со тепелак одозгора украсен со пари и накит.[2]
Remove ads
Потекло на поимот
Фесот го добил името по градот Фес, престолнина на Кралството Мароко до 1927 година.
Распространетост
Фесовите се распространети во исламскиот свет, најмногу во последниот век од историјата на Османлиското Царство. Во текот на 1826 година, османлискиот султан Махмуд II, по ликвидирањето на јаничарскиот корпус, со ферман наредува сите чиновници и наемни војници задолжително да носат фесови. Во 1925 година, турскиот претседател Мустафа Кемал Ататурк го забранува носењето фесови.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads