Халил Рифат-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Халил Рифат-паша (современ турски: Halil Rıfat Paşa; 1820 година [Notes 1] 9 ноември 1901 година) — отомански државник и Голем везир шест години помеѓу 1895 година до неговата смрт во 1901 година, за време на владеењето на Абдул Хамид II.
Remove ads
Образование
Роден е во Сер и се школувал во една медреса во Солун, а потоа продолжил на Факултетот за политички науки во Константинопол (денес установата се наоѓа во Анкара).
Живот и кариера
После неколку години на образование, тој започнал да работи како поштенски службеник во Видин, а потоа работел како секретар во канцеларијата на управникот на Солун.[1] Тој напредувал чекор по чекор и бил назначен на повисоки официјални позиции со изминувањето на времето, вклучително и во Русе. Во 1882 година бил назначен за мутасариф на Видин, а потоа во 1886 година бил назначен за гувернер на Сивас, каде започнал програма за градење на патишта.[1] Потоа бил назначен за управник на Ајдин (1889), а подоцна и во Битола, каде се борел против комитски единици, кои растеле во покраината.[1] Тој бил назначен за министер за внатрешни работи во 1893 година. Потоа бил назначен за голем везир во ноември 1895 година. Најважните настани во неговата ера како голем везир биле немирите на Сасон (во 1895 година) и на Крит (во 1897 година), како и грчко-турската војна од 1897 година, која завршила со османлиска победа.
Remove ads
Тривија
Неговото мото во кампањата за градење на патиштата било „Секое место каде што не можете да одите не е ваше“ (турски: Gidemediğin yer senin değildir.)
Белешки и наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads