Хаџи-Реџепли
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хаџи-Реџепли — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е 19 км јужно од градот Штип, во јужниот дел на општината. Атарот зафаќа површина од 15,2 км2.[3]
Историја
Во XIX век Хаџи-Реџепли било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хаџи Реџепли имало 305 жители, сите Турци.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Реџепли (Hadži Redžepli) како турско село.[5]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци и 25 до 50 Власи.[6]
Населението на Хаџи-Реџепли доживеало голем пад во периодот пред Втората светска војна, а продолжило да опаѓа и по војната. Најголемото намалување на бројот на жители се случило во 1950-тите, сведувајќи се на 34 жители, од кои само 2 Турци, а остатокот биле доселени Македонци.[7] Во текот на наредните години селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Реџепли немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Хаџи-Реџепли било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
- Доселеници: Ќор-Усинлер (4 к.), Кса-Агушлар (2 к.), Кара-Беќирлер (1 к.), Амушлар (4 к.), Ибо-Саитлар (1 к.), Џорелерден (5 к.), Узун-Мемишлер (7 к.), Јајалар (3 к.), Кубатлер (3 к.), Кара-Муратар (4 к.) и Мателер (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Хамимлар (1 к.) доселени во 1913 година од селото Шеоба.[12]
Иселеништво
Иселеници има во Турција.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads