Хаџи-Сејдели

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Хаџи-Сејделиmap
Remove ads

Хаџи-Сејдели — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото лежи во јужноото подножје на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 9 км2.[3]

Историја

Во XIX век Хаџи-Сејдели било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Седили имало 50 жители Турци.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи Сејдли (Hadži Seidli) како село со нејасен етнички состав.[5]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6]

Во периодот пред Втората светска војна, населението на Хаџи-Сејдели доживеало голем пад, при што во 1948 г. се забележани 10 жители, а по неколку години тие се намалиле на 8. Во текот на 1950-тите сите Турци (т.е. целото население) го напуштиле селото, а на нивно место се доселиле 4 Албанци и 4 „останати“ лица.[7] Во 1960-тите Хаџи-Сејдели било наполно иселено. Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Хаџи Сејдели било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Демирарлар (5 к.), Ѓелолар (3 к.), Шабанлар (1 к.) и Беќирлар (1 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Усиналардан (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Мушанци; Мамуџик (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Орта Маало.[12]

Иселеништво

Иселеници има во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads