Хенли на Темза

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хенли на Темзаmap
Remove ads

51.536°N 0.898°W / 51.536; -0.898

Кратки факти Население, Мреж. реф. ...
Thumb
Петтосводниот Хенлиски мост на Темза и Леандерскиот клуб (најлево)
Thumb
Хенли на Темза од игралиштето близу железничката станица

Хенли на Темза (анг. Henley-on-Thames) — град на северниот брег на реката Темза во јужен Оксфордшир, Англија, околу 16 км низводно и североисточно од Рединг, 16 км спротиводно и западно од Мејденхед. Се наоѓа билзу аголот помеѓу грофовиите Оксфордшир, Беркшир и Бакингемшир.

Remove ads

Историја

Хенли го среќаваме во Книгата на Судниот ден во 1086 како Хенлеј. Бил во поседство на Чертсиската опатија. Средствата биле: 5½ кожи. 1 црква, 6 плуга, 4 акри ливади, корија вредна 50 крмака. Проценето на тогашни £5.[2]

Хенли на Темза ѝ должи многу на својата местоположба и пристаниште кое го снабдувало Лондон со дрвена граѓа и житни култури.

Градби

Хенлиски мост е мост со пет свода преку реката изграден во 1786. Црквата Св. Мери се наоѓа недалеку од тука и има кула изградена во XVI век.

Во околината на Хенли се наоѓаат неколку значајни приватни градби:

  • Фолиски Двор - градба од тули конструирана од архитектот Кристофер Рен.
  • Гринлендс со својот денешен изглед благодарение на В. Х. Смит и денес во него се наоѓа Хенлискиот менаџментски колеџ

Денес

Хенли е место добро поврзано со Лондон за оние кои не живеат во градот. Градот има своја железничка станица, со директни линии до Лондон Падингтон во најпрометните часови. Вон тие часови до таму се стигнува со менување на возот на Твифорд. покрај ова има и ескпресни магистрални линии од блиското место Рединг до Падингтон и Хај Викам со пристап до Лондон Мерилебон. Со малку возење по автопатот M40 може да се стигне директно во градот или на Хилингдон за Лондонското метро.

Градот има музеј основан во 1998, наречен Речен и веслачки музеј, кој е во Мил Медоус и е контруиран од архитектот Дејвид Чиперфилд. Музејот ги покрива тематиките Темза, веслањето како спорт и самиот град. Бил официјално отворен од кралицата Елизабета II.

Remove ads

Веслачка регата

Хенли е светски познат центар на спортското веслање, каде секое лето се одржува т.н. Хенлиска кралска регата, важен друштвен настан за луѓето од средните и високите класи. Се одржува на место каде реката е природно права. Настанот станал кралски во 1851. таа година принцот Алберт станал покровител (патрон) на регатата. Интересно место е т.н. Храмски Остров, кој е мал остров на реката на кој е изграден архитектонски каприц.

На истото место се одржуваат и повеќе други регати и трки во веслање.

Локалните веслачки клубови се:

  • Горнотемски веслачки клуб
  • Хенлиски веслачки клуб
  • Леандерски веслачки клуб (дом на олимписки и светски шампиони)
  • Веслачки клуб Филис Корт
Remove ads

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads