ЦЕФТА

From Wikipedia, the free encyclopedia

ЦЕФТА
Remove ads

ЦЕФТА (англиски: Central European Free Trade Agreement (CEFTA)) е трговски договор помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, УНМИК во име на Република Косово и Црна Гора. Поранешни членови се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска кои станале чланки на Европската Унија.

Кратки факти Основана, Вид ...

ЦЕФТА ја основале Полска, Чехословачка и Унгарија на 21 декември 1992 во Краков. Подоцна членки станале Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1998), Хрватска (2002) и Македонија (2006).

ЦЕФТА е договор кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите средна Европа.

Remove ads

Историја

Првобитен договор

Првобитниот договор го потпишале земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија и Чехословачка на 21 декември 1992 во Краков, во Полска. Договорот стапил на сила во јули 1994.

Словенија се приклучила во 1996, Романија 1997, Бугарија 1998, Хрватска 2003 и Македонија 2006.

Договор од 2006

Сите земји од оригиналниот договор, со исклучок на Македонија, влегоа во Европската Унија и со тоа ја напуштија ЦЕФТА. Поради тоа, беше одлучено Договорот да се прошири за да ги покрие и останатите балкански држави, кои веќе создале матрица на билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа.

На Самитот на премиерите на Југоисточна Европа, во Букурешт на 6 април 2006, ја усвоиле Декларацијата за проширување, која ќе ги опфати Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и УНМИК (во име на Косово)[1]. Било разговарано за можното пристапување на Украина.[2] Новиот Договор бил потпишан на 19 декември 2006 на Самитот на премиери од Југоисточна Европа во Букурешт.[3] До ратификација дошло на 31 март 2007 и новиот договор стапил во сила на 1 мај 2007 година.[4]

Remove ads

Сегашни и поранешни членки на ЦЕФТА

Повеќе информации Држава, Пристапување ...
Remove ads

Галерија

  CEFTA земји-членки
  земји-членки ЕУ

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads