Церово (Демирхисарско)

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Церово (Демирхисарско)map
Remove ads

Церово — село во Општина Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Околни села се Вирово, Лесково и Боиште.

Историја

Стопанство

Населбата се наоѓа на јужниот дел на општина Демир Хисар, на границата со општина Ресен, издигнувајќи се на срт на Плакенска Планина. Се работи за планинско село, чиј атар зафаќа 7,7 км2, од кои шумите зафаќаат 364 хектари, пасиштата 213 хектари, а обработливото земјиште 175 хектари. Селото е планинско, изградено на 970 метри надморска височина.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Церово живееле 195 жители, сите Македонци.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Церово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Церово имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]

Во 2002 година во селото имало 2 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Церово е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Дуковци (6 к.); Шалевци и Илиовци (2 к.); Белевци (10 к.); Трајковци со Крстевци, Стојковци, Здравевци и Јосифовци (10 к.)
  • Доселеници: Гроздевци (13 к.) и Србиновци (3 к.) доселени се, но не знаат од каде.[10]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 657 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект куќа на владо митревски.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Цркви
  • Црква „Св. Петка“ — црквичка на 500 м западно од селото
  • Црква „Св. Илија“ (селска) — црква во самото селото
  • Црква „Св. Илија“ (манастирска) — црква на Церовскиот манастир, на 1,5 км северозападно од селото
Манастири
  • Церовски манастир на 1,5 км северозападно од селото
Археолошки наоѓалишта[13]
Remove ads

Редовни настани

Личности

  • Илија Наумов Лазевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
  • Спиро Наумчев Лозановски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
  • Танаско Стефанов Марковски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]

Култура и спорт

Иселеништво

До 1952 година од селото имало иселеници во Романија (3 семејства) и во Русија (1 семејство).[10]

Иселеништвото било посилно после 1960 година, денес селото е целосно иселено.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads