Боиште

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Боиштеmap
Remove ads

Боиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Боиште е планинско село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска.

Се работи за планинска населба на надморска височина од 910 метри.

Историја

Во XIX век Боиште — село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото има релативно голем атар од 22 км2. Убедливо најголем дел од тоа земјиште отпаѓа на шумите (1176,1 хектари), а потоа на пасиштата со 495,2 хектари. Останатите 439,5 хектари отпаѓаат на обработливо земјиште. Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Боиште имало 650 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боиште имало 720 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Боиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Богдановци (9 к.); Дамчевци со Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци и Трајковци (11 к.); Џамбазовци (11 к.); Белевци (5 к.); Боцевци и Божиновци (3 к.); Вељанчевци (20 к.); Вековци (6 к.); Гајтановци со Чешалковци и Чукалковци (5 к.); Зајаковци (2 к.); Даљановци (5 к.); Пројковци со Китановци (6 к.); Перумуновци (4 к.); Цветковци со Јошаревци (10 к.); и Попевци (7 к.).[14]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 643 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект - куќа на васил талевски.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1850 г.
  • Црква „Св. Петка“
  • Црква „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) — црква од поново време, потоа одново градена во 2010 г. поради лошата состојба

Личности

  • Тале Тодоров Дојчиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
  • Тале Димов Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Петре Марков Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
  • Ѓеорги Петров Талев — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Тале Ристев Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Даме Петровски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Тале Иванов Јовановски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Коте Ставрев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Науме Илиовски — македонски партизан
Remove ads

Иселеништво

До 1952 година населението многу малку се иселувало од селото. Иселеници имало само во Битола (2 семејства).[14]

Посилен бран на иселување има после 1953 година, за што сведочи големиот пад на население, во 1953 во селото е забележана бројка од 661. А во 2002 година во селото живееле само 7 жители.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads