Ципрофлоксацин

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Ципрофлоксацин
Remove ads

Ципрофлоксацинот е флуорокинолонски антибиотик кој се користи во третманот на бактериски инфекции.[4] Тука спаѓаат инфекции на коските и зглобовите, интраабдоминални инфекции, одредени типови на инфективна дијареа, респираторни инфекции, кожни инфекции, тифоидна треска и уринарни инфекции, помеѓу другите.[4] Кај некои инфекции се користи како дополнителен лек покрај друг антибиотик.[4] Може да се зема преку уста, како капки за очи, уши, или интравенски.[4][5]

Кратки факти Клинички податоци, Заштитени имиња ...

Вообичаени несакани ефекти вклучуваат гадење, повраќање и дијареа.[4] Тешки несакани ефекти вклучуваат зголемен ризик од кинење на тетивите, халуцинација, и оштетување на нервите.[4] Кај луѓето со мијастенија гравис се јавува влошување на мускулната слабост.[4] Стапките на појава на несакани ефекти се чини дека се повисоки од некои групи на антибиотици како што се цефалоспорините, но пониски од некои други, како клиндамицин.[6] Студиите кај животни покренуваат загриженост во врска со нивната употреба за време на бременоста.[7] Меѓутоа, не биле идентификувани проблеми кај децата на мал број жени кои го земале лекот во текот на бременоста.[7] Се смета дека е безбедна неговата примена за време на доењето.[4] Спаѓа во втората генерација на флуорокинолони со широк спектар на дејство.[4][8][9]

Ципрофлоксацинот бил патентиран во 1980 и бил воведен во клиничка употреба во 1987.[10][11] Се наоѓа на Списокот на СЗО на есенцијални лекови.[12][13] СЗО го класифицира ципрофлоксацинот како критички значаен во хуманата медицина.[14] Достапен е како генерички лек.[4][15] Во 2024, е триесет и петти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 178.000 рецепти.[16]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads