Црква „Големи Свети Врачи“

црква во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Големи Свети Врачи“map
Remove ads

Големи Свети Врачи (Св. Кузман и Дамјан) — црква во стариот дел на Охрид. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во горниот дел на маалото Варош, над црквата „Св. Софија“, и доминира над градот.[2]

Историја

Храмот е изграден на местото на стара сакрална градба. Според писмените извори, на ова место имало стара црква, исто така посветена на Светите Врачи Кузман и Дамјан, изградена во XI век од охридскиот архиепископ Теодул I (1056 – 1065). Во 1694 г. Кузман Китиски во својот список на парохиите вели дека црквата е енориски храм на тогашната Втора парохија во Варош. Сегашната градба, според натписите на некои икони во внатрешноста, веројатно е изградена во 1830-тите. Подоцна е преправана.[2]

Remove ads

Архитектура

Градбата претставува трикорабна базилика со внатрешна купола на четири столба. Изградена е од обработен бигор со употреба на делкан камен за венците и аглите. На исток има седумстрана апсида.[2]

Внатрешност

Thumb
„Пресвета Богородица Патеводителка“, прва половина на XIΙI век. Оваа икона од црквата денес е изложена во Галеријата на икони.

Живопис

Во внатрешноста живописана е само куполата, каде е претставен Исус Христос Седржител и четворицата евангелисти, дело на Дичо Зограф.[2] Кај влезната врата на црквата има фреска од Дичо Зограф, изработена во 1867 г. на која се претставени покровителите Кузман и Дамјан.[3][4]

Икони

Во храмот има шеесетина вредни икони, повеќето дела на зографите Михаил Георгиу и Константин Јоану од Селица во Населичко, Егејска Македонија. Велелепниот иконостас е дело на Мануил Георгиу, исто така од Селце, и е изработен во 1850 година. Најзабележителни се дрвените плочи на цоклето на иконостасот, на кои нетрадиционално и уникатно се насликани глетки со градски куќи. Четирите престолни икони се Светите Врачи, Исус Христос, Богородица со Исус и св. Јован Крстител; тие датират од 1830-тите и се дело на разни зографи како Анастас Магаревски, свештеникот Ристо Константинов, Константин Јоану и Мануил Георгиу.[2] Во црквата има творби на зографот-јеромонах Антониј Јоанович од Битолско.[5]

Царски двери

Thumb
Живопис од Дичо Зограф во црквата.

Царските двери од црквата датираат од средината на XVI век и се дело на истакнатата ликовна работилница која делувала на територијата на Охридската архиепископија. Денес овие двери се поставени на иконостасот на црквата „Пресв. Богородица Перивлепта (Севидна)“, исто така во Охрид. Други дела на истата работилница се царските двери на самата „Пресв. Богородица Перивлептос“ — денес во Националниот историски музеј во Софија, дверите од „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, дверите од неутврдена црква во Охрид — денес во Народниот музеј во Белград, дверите во „Св. Никола“ во Кореница, дверите од „Св. Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Никола“ во Присовјани.[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads