Црква „Пресвета Богородица“ - Горно Броди

црква во Горно Броди, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Пресвета Богородица (грчки: Ιερός Ναός Παναγίας Άνω Βροντού) — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Пресвета Богородица, Место ...

Црквата е изградена во 1873 г. во Камарското Маало. Во еден документ од 5 мај 1873 г. на учителот Никола Падарев, потврден со селските печати и 215 потписи, де вели дека селото едногласно ја подигнало оваа нова црква, која ја осветил митрополитот Неофит Серски, поканет од гркоманите, а по молба на хаџи Иван Бојанов од Камарското Маало. Во прво време црквата била гркоманска, сè додека целото село не ја отфрлило Патријаршијата.[1]

Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и напишал за црквата:

Новата црква се нарекува „Св. Богородица“; таа е попроста од старата. Во неа иконите носат словенски натписи.[2]

Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.[3]

На почетокот на XXI век до црквата има фудбалско игралиште. Градбата е во урнатини и покривот е паднат.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads