Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци
црква во селото Костинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Костинци.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на десната страна од патот кој продолжува до соседното село Долгаец. Црквата е прогласена за споменик на културата.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1624/1625 година. Од натписот над влезната врата во внатрешноста на црквата се дознава дека ктитори кои ја подигнале црквата биле поп Стојко, Милош и Коста од блиското село Стровија. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/1625 година, храмот е подигнат како мала еднокорабна црква со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Во XVII век, црквата била проширена од западната страна, така што добила припрата и трем.[2] Неодамна откриената мермерна плоча од 1918 година — напишана на македонски јазик со кирилско писмо — сведочи дека камбанаријата ја подариле браќата Костадин и Стојче Димоски.
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна над која има полукружна фреска. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Ниша со фреска на Богородица со Исус има и на јужниот ѕид. Кон дел од јужната страна бил дограден помошен објект, а на неговиот јужен крај се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора.
Дворот на црквата е ограден со ограда од бетонски тули и во него се сместени селските гробишта.
Remove ads
Живопис
Црквата е живописана во сите нејзини делови. Живописот во наосот се состои од два слоја кои потекнуваат од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.[2] Фрескописот бил изработен од околни зографи, кој се истакнува со своите уметнички дострели, а исто така во црквата има и ретки дрвени икони од почетокот на XIX век. Иконите на Исус Христос, на апостолите и на Богородица ја потврдуваат големата уметничка вредност, a фрескописот го отсликува Исусовиот пат од неговото создавање, страдање па сè до распетието и неговото воскреснување.
Галерија
- Северната и источната страна
- Западната страна
- Влезната врата
- Апсидата
- Јужната страна
- Нишата на јужната страна
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
- Натпис над фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
- Фрескоживописот над влезната врата (XIX век)
- Стари дрвени икони во црквата
- Детал од фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
- Поглед на иконостасот и фрескоживописот на северниот ѕид
- Поглед на иконостасот и фрескоживописот на јужниот ѕид
- Иконостасот во внатрешноста на црквата
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
- Фрескоживописот во внатрешноста (XVIII век)
- Влезната порта од дворот на црквата
- Помошниот објект со камбанаријата
- Камбанаријата
- Селските гробишта
- Гробови во дворот на црквата
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads