Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци

црква во селото Костинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинциmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородицацрква во селото Костинци.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на десната страна од патот кој продолжува до соседното село Долгаец. Црквата е прогласена за споменик на културата.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена во 1624/1625 година. Од натписот над влезната врата во внатрешноста на црквата се дознава дека ктитори кои ја подигнале црквата биле поп Стојко, Милош и Коста од блиското село Стровија. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/1625 година, храмот е подигнат како мала еднокорабна црква со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Во XVII век, црквата била проширена од западната страна, така што добила припрата и трем.[2] Неодамна откриената мермерна плоча од 1918 година — напишана на македонски јазик со кирилско писмо — сведочи дека камбанаријата ја подариле браќата Костадин и Стојче Димоски.

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна над која има полукружна фреска. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Ниша со фреска на Богородица со Исус има и на јужниот ѕид. Кон дел од јужната страна бил дограден помошен објект, а на неговиот јужен крај се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора.

Дворот на црквата е ограден со ограда од бетонски тули и во него се сместени селските гробишта.

Remove ads

Живопис

Црквата е живописана во сите нејзини делови. Живописот во наосот се состои од два слоја кои потекнуваат од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.[2] Фрескописот бил изработен од околни зографи, кој се истакнува со своите уметнички дострели, а исто така во црквата има и ретки дрвени икони од почетокот на XIX век. Иконите на Исус Христос, на апостолите и на Богородица ја потврдуваат големата уметничка вредност, a фрескописот го отсликува Исусовиот пат од неговото создавање, страдање па сè до распетието и неговото воскреснување.

Галерија

Надворешност
Внатрешност
Објекти во дворот
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads