Црква „Св. Илија“ - Селце
црква во селото Селце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црква „Свети Илија“ - Селце — главна селска црква во селото Селце, во Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело во селото, покрај една од селските чешми, како и до самиот извор на Селечка Река.
Remove ads
Историја
Црквата потекнува од XIX век. На црквата имаат работено Дичо Зограф и неговиот син Аврам Дичов.
Дичо целосно го има изработено самиот фрескоживопис со сцените од Стариот завет, кој потекнува од 2 мај 1864 година. Покрај фрескоживописот, Дичо го изработил и целокупниот иконостас, кој бил завршен во 1866 година.[1]
Грабежи
Црквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Росоки.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Поглед на предната страна на црквата
- Влезот на црквата
- Предната страна на црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads