Росоки
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Росоки — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мијачија. Селото се наоѓа на Росочка Река, која извира во близина на селото.
Remove ads
Географија и местоположба
Росоки е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари. Селото е оддалечено 19 километри источно од градот Дебар.
Атарот на селото зафаќа 11,1 км2.[2]
Соседни села на селото Росоки се: Селце и Тресонче од исток, Галичник од североисток, Сушица од југоисток, Лазарополе од југ, Присојница, Скудриње, Јанче и Аџиевци од запад и северозапад.
Remove ads
Историја
Во своите најдобри времиња, селото броело 90 куќи, а денес се останати многу помал број од овој број.[3]
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Во минатото, поради Росочка Река, која тече низ самото село, во селото постоеле голем број на воденици и валавици.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Росоки живееле 450 жители, сите Македонци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раосоки се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 75 куќи.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Росоки имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Иселувањето во Росоки започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само двајца жители според пописот од 1981 година.[2]
Селото Росоки е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Населението во селото се смета за староседелско, меѓутоа во Тресонче говорат дека тука доаѓале козари од Албанија и дека преку зима ги криеле овците тука и така се населило селото. Некои зборуваат дека Росоки во минатото постоело кај Елбасан, па од таму се преместило.
Родови во селото се: Бојковци (3 к.), Каповци (6 к.), Стари Поповци (1 к.), Кржаловци (2 к.), Дадавелковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), не се знае ништо за овие родови и Поповци (2 к.), доселени се од брсјачкото село Душегубица.
Според едно предание, се смета дека велешкото село Ореше е основано од извесен дедо Дамјан, кој бил доселен од Росоки.
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Росоки, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[14]
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Преображение“ — црква од крајот на XVIII век;
Редовни настани
- Преображение Христово — 19 август
Личности
- Глигор Тодоровски (1928-2006) — историчар
- Војдан и Дамјан Стојановски — познати македонски кошаркари, по потекло од Росоки.
Галерија
- Патоказ за селото
- Туристичка табла во селото
- Стара традиционална куќа во селото
- Росочка Река, која извира во близина на селото
- Цветен триод Лазаревац од крајот на XVIII век, најден во Росоки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads