Аврам Дичов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аврам Дичов (19 мај 1840 - 1923) — македонски зограф и иконописец, истакнат припадник Дебарската школа и зографскиот род Дичовци.
Remove ads
Животопис

Роден е во 1840 г. во големото мијачко село Тресонче, Реканско, во семејството на истакнатиот мајстор Дичо Зограф. Во 1863 г. го изработил првото посведочено дело — живописувањето на црквата „Св. Богородица Каменско“ во Охрид заедно со брат му Спиридон (Спире) Дичов[1] и зографот Петар Новев.[2] Сликал во „Успение на пресв. Богородица“ во Гари, „Св. Никола“ во Враништа (1868, 1879),[3] во „Св. Никола“ во охридското Долно Маало (1871), „Успение на пресв. Богородица“ во Дебар, „Св. Никола“ (1873), „Св. Петар и Павле“ во родното Тресонче и „Воведение на пресв. Богородица“ во Росоки.[1]
Во 1868–1870, како и во 1871–1872 г. Аврам работел на подрачјето на Врање и Лесковац, Србија. Во 1870 г. насликал икони за иконостасот во црквата „Св. Илија“ во Левосоје[4] и „Рождество на пресв. Богородица“ во Тибужде.[5] Во овој период тој го создаава својот сопствен стил, ослободувајќи се од влијанието на татко му, својствено на првите творби.[6]
Во мај 1870 г. според двата зографски натписа ги живописал храмот „Успение на пресв. Богородица“ во Долно Кормињане заедно со зографите Зафир, Тодор и Спиро,[7][8] кој веројатно е неговиот починат млад брат Спиридон.[9]
Во 1873 г. го насикал иконостасот на црквата „Св. Илија“ во Горна Лисина, Босилеградско, потпишувајќи се неколку пати на престолните икони.[10]
Нешто пред 1874 г. ја насликал црквата „Св. Никола“ во Брждани, Кичевско. Таа била доградена и проширена и веќе имала неколку икони од татко му кои датираат од 1849 г. Во црквата е насликан портрет на Теофилакт Охридски, што ретко се среќава. Ретко е и ликовното претставување на тропарот „Милосердија сушти источник милости сподоби нас Богородице“ врз престолната икона на Богородица. Нагласок на фреските е претставувањето на Христос во гробот, каде е претставена „На волнују страст“. Тука е претставен главно тропарот „Во гробје плотски“, кој е илустриран според канонот на Велика сабота. Наполно слична работа нема во ерминиите ниту на Дичо Зограф, ниту на Дионисиј Фурноаграфиот.[1]
- Икони на Дичов од „Св. Никола“, Брждани, 1874 г.
- Богородица со Христос
- Рождество
- Василиј Велики
- Свети Никола и Свети Теофилакт
- Свети Атанасиј и Свети Антониј
По работата во Брждани, Аврам Дичов се префрлил во Струшко и работел во Присовјани, Драслајца, а потоа „Св. Недела“ во охридско Слатино, па Вучитрн на Косово и во „Св. Ѓорѓи“ во гостиварското село Куново.[1]
Во 1875 г. ја фрескоживописал црквата „Св. Апостоли“, главниот храм на Пеќската патријаршија, но фреските биле отстранети во 1931-1932 г. Зачувани се само две фрески на Аврам Дичов: „Добриот пастир со јагне на рамо“ и „Аврамовото гостопримство“, кои се работени според ерминијата на Дичо Зограф со мали отстапувања.[1] Во 1876 г. насликал икони за „Св. Илија“ во Вучитрн.[9] Во 1879 г. ги изработил фреските во црквата „Св. Никола“ во Вевчани,[1] чии икони се дело на татко му. Во 1880–1881 г. ги насликал фреските во куполата на црквата „Св. Богородица Пречиста“ во „Кичевскиот манастир, 15 празнични икони на иконостасот[1] и една исклучително ретка икона на платно на која е претставено судењето на Христос пред Понтиј Пилат и фарисеите.[11]
По ова работел во „Св. Илија“ во кичевска Вранештица, „Св. Илија“ во тетовско Стенче и „Св. Илија“ во Витолишкиот манастир во Мелница, Мариово.[12][13] Во 1884 г. работел во црквата „Св. Петка“ во Бешиште и „Св. Никола“ во Градешница, Мариово.[12]

- Фрески на Дичов во Витолишкиот манастир, 1881 г.
- Ктирорскиот натпис со потпис на Аврам Дичов, 27 мај 1881 г.
- Фрески
- Фрески во куполата
- Фрески
- Фрески




Од 1884 до 1885 г. творел во Кумановско и Кривопаланечко. Работел на Осоговскиот манастир[1] и во црквата „Св. Никола“ во Ранковце, каде го наслилал нартексот заедно со Мирон Илиев и Григор Петров.[12][14] Потоа работел во „Св. Димитриј“ во Страцин и „Св. Теодор Тирон“ во Конопница. Во 1888 г. работел во „Успение на пресв. Богородица“ во Модрич, Струшко.[1]
Од овој период, па сè до 1893 г. Аврам Дичов работел во северозападна Бугарија. Во 1883 г. содејствувал заедно со вујко му Петар Новев во црквите во Флорентин и Јасен, Видинско, во „Вознесение Христово“; во Флорентин на иконата на Света Богородица со Младенецот има натпис од 1883 г. „изъ руки Петръ Іѡвановъ со внука му Аврама Дичовъ“, а истиот натпис го носат и фреските во „Успение на пресв. Богородица“ во Јасен. На големите икони во обете цркви се насликани тропари — решение кое ретко се среќава, својствено на Дичовото творештво.[15] Ги изработил иконите во црквата „Св. Никола“ во Крива Бара.[16] Во 1890–1891 г. заедно со Никола Образописов ги создал иконите за црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Клисурскиот манастир (меѓу Берковица и Вршец).[17] Во тој манастир ги насликал царските двери на иконостасот, дело на самоковски мајстори, како и две хоругви.[18] Негова е иконата на Богородица во црквата „Вознесение Христово“ во Митровци, Фердинандско. На иконата на Богородица има потпис: „Изъ руки Аврамъ Дичов от село Тресанче околия Деборска 1891“. Во црквата „Св. Никола“ во Трговиште има една слична негова икона и една мала икона за целивање. Во 1890 г. Аврам творел во „Вознесение Христово“ во Извор, Видинско со син му Крсто Аврамов. На Аврам Дичов се иконите во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во селото Рајановци, Белоградчишко, изградена во 1883 г. од Димо Македонецот.[14] На Аврам Дичов може да му се припише и фреската „Христос Добриот пастир“ на странична врата на непознат иконостас во збирката на Видинската митрополија.[19]
Негови[20] или на неговото ателје се иконите и фреските во црквата „Св. Петар и Павле“ во копаоничкото село Луково, Србија.[21] Тие датираат од 1871 или 1895 г.[20]
Во 1894 г. работел во „Св. Атанасиј Велики“ и „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Врачи“) во Луково, Струшко. До крајот на 1896 г. Аврам Дичов творел во Струшко и Кичевско.[1]
Најстарата позната икона на Дичов се наоѓа во струшко Селци и датира од 1872 г. „Исус Христос – Велик Архијереј“ се смета за една од најубавите негови икони. Последното негово дело е во црквата „Св. Атанасиј“ во струшко Луково и датира од 1894 г. Негови наследници се Никола Аврамов и Коста Колов, кои го работеле иконостасот во црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во селото Буринец, Малесија.[1]
Во 1902 г. ги насликал фреските на „Св. Никола“ во Приштина и „Благовештение Богородично“ во Штитково кај Нова Варош. Во 1905 г. ја живописал црквата „Св. Никола“ во Косовска Каменица.[9]
На крајот од ХІХ век Аврам Дичов се преселил во Софија. Починал во тој град во 1923 г., а телото му е пренесено во Тресонче и погребано во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“.[22]
Аврам Дичов е татко на зографот Крсто Аврамов, кој го учел занаетот кај татка си и првично работел заедно со него.[14] Негов внук е познатиот уметник Димитар Пандилов Аврамовски.
Разни критичари го забележуваат понискиот квалитет на делата на Аврам Дичов во споредба со татко му и типизацијата на неговите претстави.[6]

Remove ads
Литература
- Цветковски, Сашо. Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов. Студии и прилози, Струга, 2010.
- Цветковски, Сашо (2010). „Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола с. Брждани – Кичевско“ (PDF). Патримониум.мк. Скопје: Центар за културно и духовно наследство & КАЛАМУС. III (7–8).
Родословие
Дичо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крсте Дичов (ок. 1784 - ?) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дичо Зограф (1819 - 1872) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Евгениј Дичов | Нестор Дичов | Арсениј Дичов | Аврам Дичов (1840 - 1923) | Спиридон Дичов | Ефтим Дичов | Божин Дичов | Темјана Дичова | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Босилка Аврамова | Крсто Аврамов (1866 - 1939) | Божил Аврамов | Пандил Аврамов (1877 - ?) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сарџо Крстев | Мојсо Крстев | Димитар Пандилов (1898 - 1963) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads