Црква „Св. Ѓорѓи“ - Гуменџе
црква во Гуменџе, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου) — црква во гратчето Гуменџе, Ениџевардарско, Егејска Македонија, катедрален храм на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Историја
Црквата е изградена во 1864-1869 г. според натписот на неа, со средства и труд на мештаните. Од крајот на XIX до почетокот на XX век црквата била во ацете на Гуменџиската грчка црковна општина. Сè до 1991 г. била парохиска црква на Гуменџе,[2] а потоа станала катедрала на новата митрополија.[1]
Во 1991 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[2][3]
Во март 2012 г. започнал целосен ремонт на црквата, кој завршил во 2016 г.[1]
Remove ads
Опис
Храмот претставува импресивна трикорабна базилика која потсетува на црквите „Св. Ѓорѓи“ во Цариград (главната патријаршиска катедрала), „Св. Мина“ во Солун и „Св. Антониј Нов“ во Бер.[1] Има галерија и трем од југ, запад и север. Има димензии од 33,8 × 22,7 м, не сметајќи ги конхите на олтарот. Корабите се поделени со колонади од седум пара столбови, при што последната е зад олтарот и е неоформена. Црквата има богата резбана внатрешност — иконостас, владички престол, балдахини, чесна трпеза, амвон и проскинитар.[4][2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads