Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лезик
црква во Лезик, Лагадинско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου) — црква во селото Лезик, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата се наоѓа во северниот дел на селото. Според натписот на јужниот ѕид, изграден е во 1842 г., што веројатно е обнова на постар храм срушен во задушувањето на Халкидичкото востание во 1821 г.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква, полукружна апсида на исток, трем на запад и дел од јужната страна и четириводен покрив со ќерамиди. Ѕидаријата е од чакал и во неа се вградени керамопластични крстови и сполии од ранохристијански храм кој се наоѓал на истото место или во близина. На црквата се правени разни лоши интервенции, како затворање на западниот влез, отворање на прозорци на северниот ѕид и рушење на женската црква. Штети претрпел и североисточниот за време на земјотресот од 1978 г.[1]
Во внатрешнсота има вредни икони од XIX век, дела на мајстори од Галачишката и Кулакиската школа.[3][4] На иконостасот се зачувани оригиналните царски и апостолски икони. Во северниот кораб се чуваат скапоцени стари црковни садови, како и старопечатени книги. Храмот вкупно има 27 вредни икони, 12 црковни предмети и 3 старопечатени книги. Некои од иконите се од 1852 и 1853 г., а едно од евангелијата е од 1588 г.[5]
Во 1984 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][2]
- Икони од храмот
- „Свети Антониј“
- „Архангелски собор“
- „Свети Димитриј“ на Атанасиос Маргаритис, 1853 г.
- „Свети Никола“ на Маргарит Ламбу, 1853 г.
- „Свети Ѓорѓи“
- „Пресвета Богородица Елеуса“
- „Христос Седржител“
- „Свети Јован Претеча“, 1852 г.
- „Успение Богородично“ од Јован Анагност, 1858 г.
- „Недела на Сите Светители“
- „Света Петка“, 1872 г.
- „Свети Модест“
- „Св. Константин и Елена“
- „Свети Апостол Тома“
- „Свети Апостол Андреј“
- „Свети Апостол Филип“
- „Свети 40 маченици“,
- „Свети Апостол Петар на престол“
- „Свети Апостол Павле“
- „Успение Богородично“
- „Свети Јован Претеча на престол“
- „Тајната вечера“
- „Влегување во Ерусалим“
- „Воведение Богородично“
- „Свети Димитриј“
- „Крштение Господово“
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads