Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија

епархија на Цариградската патријаршија во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија
Remove ads

Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Леригово, на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. Од 2012 г. епархијата ја возглавува митрополитот Теоклит.[1]

Кратки факти Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου, Место ...
Thumb
Архијерејски намесништва на епархијата
Remove ads

Историја

Thumb
Катедралната црква „Св. Стефан“ во Леригово.
Thumb
Црквата „Св. Бессребреници“ во Леригово.

Ерисовско-светогорска епархија

Ерисовската епископија е спомната за првпат на почетокот на IV век, кога царот Константин Велики, барајќи погодно место за изградба на Новиот Рим, го посетил регионот и се сретнал со епископот Макариј Ерисовско-стагирски (Ιερισσού και Σταγείρων). Епископијата била потчинета на Солунската митрополија до крајот на XIII век, кога е воздигната во митрополија.

во 1313 г. Света Гора станала ставропигија под непосредна управа на вселенскиот патријарх и епархијата била ограничена до североисточниот дел на Халкидик. По османлиското освојување, епархијата е снижена на епископија, потчинета на Солунската митрополија. Во XVII век епархиското седиште е преместено во Извор, а во XIX век во Леригово.

На 7 октомври 1924 г. епископијата е воздигната во Ерисовско-светогорска митрополија. Во 1940 г. кон неа е придодадена територијата на Ардамерската митрополија и така епархијата го добила името „Ерисовско-светогорско-ардамерска“.[2]

Thumb
Печат на епископот Василиј Ерисовски, XI век
Повеќе информации Име, Грчки ...

Ардамерска епархија

Печат на Ардамерската епископија со потпит на епископот Јоаким Струмбис.
Thumb
Почеток и крај на писмо од епископот Софрониј Ардамерски до митрополитот Софрониј II Солунски од 20 март 1891 г.

Ардамерската епископија се појавила во IXX век како Еркулска (Ερκούλων) со седиште во Еркула или Еркулион, денешно Ардамери. Спомната е во житието на Константин Велики (Патмоски ракопис бр. 179) от IX – X век.[5] Во тактикон од 980 г. е спомната Ардамерска епископија како една од 11-те потчинети на Солунската митрополија, пред Ерисовско-светогорската и Литисјата и Рендинската.[6] Во 1638 г. нејзиното седуште е преместено во Галачишта и епископијата така станала Ардамерско-галачишка (Αρδαμερίου και Γαλατίστης).[7]

Во XIX век катедрална црква била „Св. Димитриј“ во Галачишта.[8] според сознание од 1839 г.[9]

Со тргањето на епископот Јоаким во февруари 1922 г., на 10, 12 и 13 декември 1922 г. Епархискиот синод на Солунската митрополија одржал седница и му го дал намесништвото на епархијата на ерисовско-светогорскиот епископ Сократ и решил да побара Вселенската патријаршија спојување на Ерисовско-светогорскатата со Ардамерската епископија. На 9 јануари 1923 г. Светиот синод го прифатил барањето. Меѓутоа, на 7 октомври 1924 г. епархијата е издигната во митрополија и истиот ден за митрополит е избран архиѓаконот Калиник Креацулис.[10]

Калиник дал оставка во февруари 1934 г. поради лошо здравје, а епархијата е одново ја презел Сократ Ерисовски.[10] На почетокот на ноември 1936 г. Светиот синод[10] решил да ја укине Ардамерско-галачишката митрополија и ја споил со соседната Касандриска, со исклучок на Загливерско, кое е припоено кон Солунската митрополија. По четири години во 1940 г. територијата на поранешната Ардамерска митрополија е придодаден кон Ерисовско-светогорската, поради што таа е преименувана во Светогорско-ерисовско-ардамерска.[2][11]

Повеќе информации Име, Грчки ...

Ерисовско-светогорско-ардамерска митрополија

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Архијерејски намесништва

Епархијата има седум архијерејски намесништва:

Повеќе информации Архијерејски намесништва и парохиски цркви, Намесништво ...
Remove ads

Манастири

Повеќе информации Име, Место ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads