Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуње

црква во селото Отуње, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуњеmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Отуње, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој поминува низ селото за селото Сетоле. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

За изградбата на црквата има три различни години: според едната таа е градена во 1860 година, додека обновена во 1994 година.[2] Според истражувачот Јован Трифуноски црквата била подигната во 1866 година и дека била посветена на Алипиј Столпник.[3] Додека пак според натписната плоча на самата црква, таа била подигната во 1855 година.

Настани од 2001

За време на конфликтот од 2001 година, црквата во Отуње не била поштедена од налетот на албанските банди.[4]

На вратата пред влезот во црквата била скршена мермерната плоча со година на градба на црквата и било пукано со оружје на таванскиот дел со видни оштетувања на плафонот. Електричната инсталација била целосно оштетена и бил одземен струјомерот. Сите четири столба внатре биле оштетени, а на двата столба веднаш до влезната врата во црквата биле оштетени лежиштата за икони. Уништени биле и дрвените седишта за седење на стари и изнемоштени лица при Светите богослужби. Целосно биле уништени два шандани за свеќи, аналогијата со намена за поставување на икони, купелот за крштевање на деца. Најголеми и непоправливи штети и вандалски уништувања биле направени на самиот свето-црковен ентериер на црквата. Многу од иконите биле уништени (сечени со секири, пукано со куршуми или кршени). Во трпезаријата биле скршени сите прозорци, растурен бил сиот прибор за јадење и недостасувал ТВ приемник.[5]

Remove ads

Архитектура

Фрескоживопис

Во црквата има стари фрески и икони на кои не им се знае авторот. Неколку понови фрески имаат живописано учителот Крсто Гоговски од селото Непроштено (еден од киднапираните и убиени Македонци од Непроштено во конфликтот 2001 година) и ликовниот уметник Мирко Видоески од Тетово.

Икони и иконостас

Црквата поседува иконостас, кој бил исто така оштетен за време на конфликтот 2001 година. Царските двери биле уништени и недостигале, две икони исчезнале, а биле оштетени повеќе други икони.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads