Отуње

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Отуњеmap
Remove ads

Отуње — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Традиционална куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во североисточниот дел на територијата на Општина Тетово, чиј атар се граничи со подрачјето на Општина Теарце. Селото е планинско, на надморска височина од 985 метри.[2] Од градот Тетово, селото е оддалечено 7 километри.

Отуње е мало село сместено во падините на Шар Планина. Околни села се Варвара и Сетоле. Во минатото, водата за пиење доаѓала од чешми во самото село (Чешма, Лаг, Чешмиче). Во атарот на селото избиваат слаби извори: Врба, Бавчиче, Поличица, Требениче, Бела Вода, Ливаѓе, Коловоз, Стојкоќоо, Подороо и Вирои.[3]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1203 во селото Џепчиште.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Преку Река, Отаа, Старо Лозје (сега ниви), Варје, Рамниште, Воденичиште (тука некогаш имало стара воденица), Вирје, Раскрсница, Маркоа Млака, Милошоа Млака, 'Ртоец, Поличица, Црешњичиња, Сенокос, Шип, Длага Ливада, Аливерица, Плоча, Сина Вода, Голем Поток, Требениче, Карпа и Банија Ливада.[3]

Селото има збиен тип. Роднинските куќи се блиску една до друга и се групирани. Такви групи куќи се Шуриновска, Јанкуловска, Петковска и Илиновска.[3]

Remove ads

Историја

Отуње е старо село со зачувани староделски родови. Во него порано постоела стара црква, која е подоцна срушена. Нов храм посветен на Алипиј Столпник бил подигнат во 1866 г.[3]

Според турски документи од 1626–1627 година село Хотујне се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 16 христијански семејства.[4]

Во атарот на Отуње, северно од селото некогаш се наоѓале пчеларниците на Лешочкиот манастир. Селаните во тоа време биле „трмчари“ (пчелари). На местото на пчеларниците, во почетокот на XIX век се обидел да се насели некојси Асан, муслиман по потекло од северна Албанија. За да се ослободат од несаканиот доселеник, жителите на Отуње и соседното село Варвара го убиле. Оттогаш потекнува и кумството меѓу родовите на обете села.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 километри квадратни.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Отуње живееле 220 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отуње имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Спорец Афанасиј Селишчев во 1929 година, Отуниште било село во Теарска општина и имало 65 куќи со 480 жители, Македонци и Албанци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Селото е наполно иселено по 1981 година, кога броело само 10 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 2 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Отуње е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Јанкуловци или Клаковци (7 к.).
  • Доселеници: Илиновци (8 к.) и Петковци (5 к.) доселени се од сега албанското село Орашко Градиште во клисурата на Вардар; Шурновци или Поројчанци (11 к.) доселени се од сега албанското село Порој.[3]

Иселеништво

Целосно е изумрен родот Трпчевци, чиј родоначалник Трпче се доселил од сега албанското село Порој. Неговите потомци постепено изумреле. Трпче имал браќа во Порој, кои се иселиле во Скопје. Изумрени се и Џукевци, кои дошле од областа Љума во северна Албанија. За нив се вели дека имале многу пчели во селото.[3]

Од родот Јанкуловци иселеници има во Скопје (две семејства), Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Пловдив (четири семејства). Од родот Шурновци иселеници има во Тетово (четири семејства), Скопје (четири семејства) и Софија (две семејства). Во Лешок живее родот Пејчиновци (13 к.), кои се гранка на родот Илиновци. Старо презиме им е Цанцаловци.[3]

Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Отуње било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Џепчиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Непроштено, во која покрај селото Отуње, се наоѓале и селата Брезно, Варвара, Ѓермо, Једоарце, Лешок, Непроштено, Порој, Ратае, Сетоле, Требош и Џепчиште. Селото припаѓало на Општина Џепчиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Ѓермо, Једоарце, Отуње, Порој, Сетоле и Џепчиште.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Цркви

Личности

Родени во Отуње

  • Борис Марков (р, 1923) — македонски славист и универзитетски професор
  • Христо Петрушов — македонски револуционер, четник на Никола Сарафов

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads