Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смрдеш
црква во Смрдеш, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Смрдеш, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е изграден на крајот од XIX век во центарот на старото село Смрдеш, што денес се наоѓа на источниот крај на новото.
Црквата е импресивна трикорабна базилика со дрвен покрив,[1] изградена од епирски мајстори употребувајќи месен камен.[2] Датумот „1891 - 93 март 25 “ е напишан во средината на четирите прозорци на десната галерија на црквата. На западната страна на храмот има куловидна четирикатна камбанарија со натпис „1891“ на фронтонот на последниот кат.[1]
На иконостасот има забележителни икони, дело на зограф од Бел Камен. На 14 октомври 2017 г. црквата е преосветена од митрополитот Серафим Костурски.[2]
Пред црквата има голема камена чешма. Натписот на неа вели дека првобитната чешма на ова место е изградена во 1747 г.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads