Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смрдеш

црква во Смрдеш, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Смрдешmap
Remove ads

Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Смрдеш, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Thumb
Црквата за време на Првата светска војна.
Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...

Храмот е изграден на крајот од XIX век во центарот на старото село Смрдеш, што денес се наоѓа на источниот крај на новото.

Црквата е импресивна трикорабна базилика со дрвен покрив,[1] изградена од епирски мајстори употребувајќи месен камен.[2] Датумот „1891 - 93 март 25 “ е напишан во средината на четирите прозорци на десната галерија на црквата. На западната страна на храмот има куловидна четирикатна камбанарија со натпис „1891“ на фронтонот на последниот кат.[1]

На иконостасот има забележителни икони, дело на зограф од Бел Камен. На 14 октомври 2017 г. црквата е преосветена од митрополитот Серафим Костурски.[2]

Пред црквата има голема камена чешма. Натписот на неа вели дека првобитната чешма на ова место е изградена во 1747 г.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads