Црква „Св. Јован Претеча“ - Белотинци

црква во Белотинци, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Јован Претеча (грчки: Ιερός Ναός Τίμιου Προδρόμου Λευκογείων) — црква во селото Белотинци, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Свети Јован Претеча, Место ...

Црквата е изградена во 1836 година. На источниот ѕид, на местото на стариот керамички натпис има нова мермерна плоча.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Во 1887 г. од западната страна е подигната импресивна камбанарија.[2] Иконите на иконостасот се изработени во 1894 г.[1] Според Георги Стрезов, во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads