Црква „Св. Атанасиј“ - Богданци

црква во Богданци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Богданциmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна црква во Богданци и седиште на Богданската парохија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата е сместена во центарот на градот Богданци.

Историја

Првичната црква била изградена во првата половина на XIX век, која низ историјата била неколкупати обновувана, главно, со парични прилози на месното христијанско православно население.[2]

Пожар

Црквата била оштетена во пожар, кој ја зафатил утрото на 26 декември 2014 година. Во пожарот била зафатена внатрешноста на самата црква и кровот, додека иконите биле спасени благодарение на свештениците и месното население. При гаснењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното население, но и ученици од гимназијата во непосредна близина на храмот.[3]

На 20 јануари 2015 година бил осветен камен-темелник на новата црква, која се гради на местото на опожарената. Новата црква се гради по проект на архитектот Благој Здравев од Штип, којшто веќе подготвениот проект го донирал на епархијата за побрза изградба на новата црква, а градежните дејства ги извршува претпријатието ГЕ-ГЕ Професионал од Богданци. Црквата се гради со средства од Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците.[4]

Remove ads

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна, а нејзините сводови се покриени со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува страничните. Покривната конструкција е изградена на две води.[2]

Во 1983/84 година била изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел, а во 1986/87 била изградена и крштилница, осветена со благослов на тогашниот поглавар на МПЦ г.г. Гаврил.[2]

Чесниот престол во црквата е дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[5]

Фрескоживопис

Внатрешноста на црквата е делумно живописана, што е најзабележително во горните делови од средишниот кораб, чии фрески потекнуваат од XIX век.[2]

Икони и иконостас

Иконостасот е со стари царски двери, изработени во резба со мотиви од растителен и животински свет, како и стари икони кои потекнуваат од XIX век.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads