Црква „Св. Атанасиј“ - Градешница
црква во селото Градешница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј – црква во селото Градешница. Се среќава и како манастирска црква.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на неколку километри северно од селото, на ридот Атанасица којшто ѝ дава доминантна положба во однос на селото.
Историја
Црквата била изградена во 1980-тите години и долги години била во лоша состојба. Во периодот 2011-2012 била препокриена и ставена во заштита на Општина Новаци.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има празна ниша, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има празна ниша. До северниот ѕид е доградена затворена припрата со дрвени ѕидови. Внатрешноста на црквата не е зографисана, а иконоастасот е во изработка. Објектот е изграден од варовник и во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Галерија
- Поглед на црквата
- Црквата со припратата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Припратата
- Внатрешноста на црквата
- Иконостасот во изработка
Поврзано
- Бренски манастир
- Црква „Св. Илија“ - Градешница
- Црква „Св. Димитриј“ - Градешница
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
- Црква „Св. Никола“ - Градешница
- Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
- Црква „Св. Антониј“ - Градешница
- Градешница
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Старавинска парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads