Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпур

црква во селото Ничпур From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Ничпурmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна селска црква во горнореканското село Ничпур.[1] Црквата се наоѓа на неколку стотина метри југоисточно од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според мермерните плочи поставени околу влезната врата, црквата била обновена во периодот 1995-1996, а истата била осветена на 15 мај 1997 година.

Во 2014 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени пет икони.[2]

Архитектура

Градбата на црквата има четириаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена од западната страна, а над неа има ниша со малтерисан крст и натпис во него. На јужната страна има споредна врата, над која има ниша со ликот на Свети Атанасиј, а околу неа има две мермерни плочи со податоци за годините на обнова и осветување на црквата. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од четири железни столбови кои образуваат квадратна основа и се покриени со лимен кров.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads