Црква „Св. Атанасиј“ - Удово
црква во селото Удово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — главна селска црква во валандовското село Удово, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена на влезот од селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Јосифово.
Историја
Камен-темелникот за изградба на црквата бил поставен и осветен на 19 април 1993 година, втор ден од христијанскиот празник Велигден, од страна на тогашниот поглавар на Македонската православна црква г.г. Гаврил. Храмот бил осветен во 2002 година од поглаварот на Повардарската епархија г. Тимотеј.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна и претставува крстокуполен храм, при што куполата има осумстран тамбур. Источниот ѕид на црквата завршува со полукружна апсида.[2] Влезот на црквата има натстрешница, а над влезата врата има ниша со фреска на која е насликан Атанасиј Александриски.
Во дворот на црквата има спомен-чешма и помошен објект.
Фрескоживопис
Внатрешноста на црквата е делумно фрескоживописана од страна на Златко Ристевски од Велес.[2]
Иконостас
Иконостасот е пренесен од црквата „Св. Димитриј” од селото Градец, а истиот е изработен од страна на зографот Исаија Џиков од Дебарско.[2]
Галерија
- Поглед на црквата
- Влезната врата од црквата
- Влезната врата со фреската на Атанасиј Александриски
- Фреската на Атанасиј Александриски
- Спомен-чешма во дворот на црквата
- Куполата
- Поглед на црквата
- Куполата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads