Градец (Валандовско)
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градец — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.
За други истоимени места, погледајте Градец.
Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите биле иселени во соседното село Удово во 1960-тите години, но бидејќи изградбата на браната и хидроцентралата никогаш не се случила, во поново време во него повторно се забележани жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Валандово, во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 1102, кој го поврзува Скопје со Гевгелија, и пред изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица претставувал дел од европскиот коридор Е75.
Тоа е сместено во подножјето на Градешка Планина, а низ него поминува Градечка Река, чиј влив во Вардар е во самото село.
Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите се иселени во Удово во 1960-тите години.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Градец е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Градиште, западно од селото.[4]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[5]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 11,2 км2.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 550 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 712 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[8]
Селото било наполно иселено по 1991 година, кога што броело четири жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Градец немало жители.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Во XIX век, Градец било македонско село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Градец се наоѓале градот селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Во ова избирачко место е опфатено и селото Удово.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[4]
- Градиште — градиште од доцноантичкото време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Петка“ — најновата селска црква. Камен-темелник удрен на 1 октомври 2014 година;[19]
- Манастири
- Градешки манастир — манастир во селото
- Реки[20]
- Градечка Река — река низ селото, притока на Вардар
- Јаворина — мала река, западно од селото, притока на Вардар
- Острови
- Градечки Острови — речни острови кај Градец во Вардар
Remove ads
Личности
- Родени во или по потекло од Градец
- Јанаки Абрашев (1889 - ?) - македоно-одрински доброволец од четата на Кочо Хаџиманов, четата на Дончо Златков, 4 чета на 14 воденска дружина[21]
Галерија
- Крст на Свети Ѓорѓи
- Градечка Река
- Голем речен остров кај Градец
- Манастирот „Св. Атанасиј“
- Воздушен поглед на главната селска црква
- Манастирската црква „Св. Атанасиј“
- Најновата селска црква „Св. Петка“
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads