Црква „Св. Варвара“ - Драгош
црква во селото Драгош From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Варвара — поствизантиска селска црква во битолското село Драгош, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Малата црква се наоѓа во самото село Драгош,[2] сместена на самиот влез во селото, лево од асфалтниот пат.[3][4]
Историја
За овој храм, мештаните велат дека е „многу стар“,[2] но точната година не може да се одреди.[3]
Архитектура
Црквата е мал еднокорабен храм, изграден во поствизантиско време. До крајот на XX век на источната фасада, во триаголниот простор над апсидалната конха, сочувани се остатоци од композицијата „Вознесение на Свети Илија“. Во текот на реновирањето, сите елементи од кои би можело поточно да се одреди од кога датира оваа црквичка, биле уништени од месното население.[3]
Иконостас и икони
На крајот на XX век неколку икони од црквата се пренесени во битолската катедрала „Св. Димитриј“. Во Музејот на Македонија во Скопје се наоѓа иконата „Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат“, која датира од крајот на XV или почетокот на XVI век.[3]
Галерија
- Влезот
- Нишата над влезот
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Влезната порта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads