Црква „Св. Илија“ - Јабланица (манастирска)

црква во селото Јабланица From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Јабланица (манастирска)map
Remove ads

Свети Илија, попозната како Свети Илија Горни — матична црква на Јабланичкиот манастир во струшкото село Јабланица.[1]

Thumb
Оваа фотографија го прикажува манастирот Св. Илија сликано од неговата десна страна.
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Thumb
Оваа фотографија го прикажува манастирот Св. Илија сликано од неговата предна страна.

Црквата е сместена е високо во планината на околу 1450 м.н.в. По својата градба и изглед е скромна, но има култно значење не само за жителите на селото Јабланица туку и за жителите на другите Долно-дримколски села. Според некои кажувања црквата е постара од соборната црква меѓутоа заради проблемите што се јавувале во време на Османлиското владеење, морала да биде изгради високо во планината. Помеѓу населението сè уште живеат легендите и преданијата за чудотворната енергија со која зрачи овој простор. Црквта е посветена на пророкот Св. Илија. Се посетува трипати во годината на третиот ден Духовден, Илинден и Празникот Крстова Недела (неделата после Крстовден на 27 септември), чиешто одбележување временски се одвива кон крајот на месецот Септември или почетокот на месецот Октомври. Тогаш во црквата се организира масовен црковен собир на кој присуствуваат и по неколку илјади посетители од околните села и градови. Гостите се послужуваат со традиционалниот ручек од варена зелка и говедско месо.

Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads