Црква „Св. Илија“ - Витолиште

манастирска црква From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Витолиштеmap
Remove ads

Црква „Св. Илија“ - Витолиште — манастирска црква на Витолишкиот манастир изградена во 1872 година во атарот на некогашното село Мелница, а денес во рамките на селото Витолиште. Се одликува со исклучително богат фрескоживопис создаден од познатиот зограф, Аврам Дичов, син на Дичо Зограф.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Thumb
Поглед на влезот во манастирската црква

Темелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население.

Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани мијачките зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот зограф Дичо Зограф.

Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква.

Во рамките на манастирската црква постои натпис од 1872 година каде пишува дека со помошта на православните христијани од околните села бил изграден манастирот и главната манастирска црква од мајсторот Пере Лауца.

Remove ads

Живопис

Црквата „Св. Илија“ го добила својот живопис во 1881 година, скоро една декада по завршување на нејзината изградба. Целата внатрешност на црквата била зографисана од рацете на мајсторот Аврам Дичов. Во црквата воедно се наоѓаат и голем број икони од XIX век, работени од истиот зограф-иконописец што работел во црквите на мариовските села.

Во последните години се забележуваат траги на отпаѓања на самиот малтер на ѕидовите на црквата, како и уништување на вредниот живопис. Самиот манастир и главната манастирска црква е напуштен и е само повремено посетуван. Фреските на западниот дел од сводот се отпаднати, а слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и на северната страна на тамбурот на куполата.[1]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads