Црква „Св. Илија“ - Волак
црква во Волак, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија (грчки: Προφήτης Ηλίας Βώλακα) — црква во селото Волак, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата претставува трикорабна базилика. Во средината на западниот ѕид има вградена камена плоча со годината 1841. Во источниот агол на северниот ѕид стои релјефната плоча со ктиторскиот натпис:[1]
„ | έφημέριος π[απά]Κωνσταντής καί π[απά]Γεώργι[ος]/ μαιου ιη ' αωμα'(1841)[1] | “ |
Храмот има независна камена камбанарија, над чија врата мајсторите Неделко и Божик ставиле свој потпис и датум:
„ | Ο ΧΕΙΡΟΠΙΗΤΗΣ 1887:
ΝΕΔΕΛΚΙΟΥ ΤΗ: 17: Ιουνίου: ΚΑΙ ΜΠΟΖΗΚΗ[1] |
“ |
Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[2]
Во 1989 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[3]
Кон почетокот на XXI век покривот на црквата пропаднал и таа била затворена.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads