Црква „Св. Илија“ - Глобочица
црква во селото Глобочица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — црква во селото Глобочица која се наоѓа на самиот брег на истоименото езеро.
Remove ads
Историја
Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 19 септември 2011 година,[1], а истата била завршена била во 2014 година. Осветувањето било извршено на 14 септември 2014 година, кога биле одбележани точно 50 години од потопувањето на истоимената потопена црква.[2] Карактеристично за оваа црква е тоа што камен-плочата од некогашната потопена црква од 15 век е вградена во новата над влезот. Истата била извадена од дното на езеро од страна на нуркачки тим во мај 2012 година.[3]
Remove ads
Архитектура
Црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, која има по една монофора на северната, јужната, западната и источната страна. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а просторот пред него е покриен со натстрешница. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.
Галерија
- Црквата со езерото Глобочица
- Црквата со околината
- Јужната страна на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads