Локов
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Локов — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со вештачкото езеро Глобочица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.325 метри.[2]
Селото Локов се наоѓа на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Сместен е во центарот на областа Малесија помеѓу градовите Струга и Дебар и се простира на висорамнина од 1.360 метри надморска висина.
Remove ads
Историја

Во текот на Втората светска војна, на 26 јули 1943 година, бил создаден малесискиот партизански одред. На 8 јуни 1944 година, по извршената реорганизација на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада се создала првата Македонска народноослободителна ударна бригада.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства и 75 жители мажи.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Локов имало 320 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Локов имало 320 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Локуф (Локва) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е целосно раселено по 1961 година, кога што броело 61 жител, македонско население.[2]
Процесот на миграцијата бил најголем во периодот помеѓу 1945 и 1946 година, кога голем број семејства се иселиле во Војводина, во околината на Прилеп (во Ново Лагово) и во градот Струга. Селото целосно опустело во 1965 година, кога со полнењето на вештачкото езеро Глобочица бил потопен единствениот пат кој го поврзувал селото Локов со градовите Струга и Дебар.
Според пописот од 2002 година, во селото Локов немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Локов во минатото било чисто македонско православно село, додека денес е целосно раселено. Сите родови во селото биле доселени.[13]
Стари родови на кои не им се знае местото на старина се: Шукревци (4 к.); Петковци со Неделковци и Ристовци (5 к.) се еден род; Митревци (1 к.), некој нивен предок бил „војвода“ и побратим со Турците во Коџаџик, па им ја предал тамошната тврдина, поради што народот ги проколнувал да немаат повеќе од 3 куќи; Блажевци со Ѓоргијовци, Танчевци, Близнаковци или Петревци, Глигуровци и иселените Милевци (13 к.) се еден род; Беќаровци со Димовци (4 к.) и Јовчевци со Србиновци и Блажевци (1 к.).
Родови доселени со позната старина: Стојковци (11 к.), доселени се од селото Шипиница во Долен Дебар (денес во Албанија) и Казимоски Љушо (1 к.), Ром, ковач доселен во 1948 година од селото Мислодежда.
Иселеништво
Населението на Локов многу се иселувало. Со што денес селото е целосно раселено.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Поранешно основно училиште „Наце Николоски“, денес претворено во спомен-дом на Македонската народноослободителна ударна бригада
Самоуправа и политика

Во XIX век, Локов било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Локов, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Збажди, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Локов било седиште на некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Закамен — средновековна населба;
- Красје — средновековна населба; и
- Манастирец — средновековна сакрален комплекс.
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква;
- Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква осветена на 24 јули 2016 година од митрополитот Тимотеј;
- Црква „Св. Петка“ — гробјанска црква; и
- Црква „Св. Преображение“ — камен-темелник осветен и поставен на 19 јули 1994 година од митрополитот Тимотеј. Позната е по тоа што во неа е забранет влез за жени поради некоја икона.
- Споменици
- Споменик во чест на НОБ во самото село
- Споменик во чест на НОБ помеѓу селата Локов и Буринец
- Поглед на црквата „Св. Спас“
- Споменик за загинатите борци во НОБ помеѓу селата Локов и Буринец
- Споменик во чест на НОБ во самото село
- Главната селска црква „Вознесение Христово“
- Гробјанската црква „Св. Петка“
Remove ads
Личности
- Родени во или по потекло од Локов
- Марко Блажески — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Павле Силјанов Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Богдан Блажев Тасев — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Атанас Јоноски Трифунов — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Верка Блажеска — учесник во НОВ на Македонија
- Љуба Блажеска — учесник во НОВ на Македонија
- Мара Блажеска — учесник во НОВ на Македонија
Remove ads
Култура и спорт
Во селото постои спомен-дом на првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-домот е поставен на местото на некогашното основно училиште „Наце Николоски“, кое функционирало од 1945 до 1962 година.
Локов како тема во уметноста
- „Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]
- „Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да спијат)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]
Remove ads
Галерија
- Поглед на селото од црквата „Св. Петка“
- Околината околу училиштето во Локов
- Поглед на селото
- Стара куќа во селото
- Поглед на селото
- Споменик на НОБ во с.Локов
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads