Црква „Св. Марина и Св. Антониј“ - Сер

црква во Сер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Марина и Св. Антониј“ - Серmap
Remove ads

Света Марина и Свети Антониј (грчки: Αγίων Μαρίνης και Αντωνίου) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Thumb
Храмот од исток
Кратки факти Свети Марина и Свети Антониј, Место ...

Црквата е сместена близу градските ѕидини, во маалото Запар Хане, на улиците „Етники Андистаси“ и „Агиос Андониос“. Првично била посветена само на Света Марина, а подоцна е додаден и Свети Антониј. Денес е попозната како „Св. Антониј“. На две мермерни плочи со крст е напишана годината на обнова на црквата — 1826. Во 1977 година при замена на дрвените столбови со бетонски се откриени делови од стариот средновековен храм на Света Марина. Внатре се чува десната ръка на светицата.[1]

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време.[2]

Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата поради оригиналниот архитектонски стил и неговите украси.[2]

Во парохијата влегуваат и „Св. Фотина“, „Св. Атанасиј и Св. Ефросинија“ и „Св. Никола“.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads