Црква „Св. Никола“ - Сер
црква во Сер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола (грчки: Αγίος Νικολάος) — средновековна црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа во Серската тврдина. Подигнатa е во XII век за војниците од серскиот гарнизон. Криптата, која се наоѓа на источната страна, служи како гробишта.
На почетокот на 1913 г. Богдан Филов ја посетил Серската тврдина, спомнувајќи ја и црквата:
„ | Калето е градено од речни камења со малтер без ќерамиди. Освен големата кула, зачувана е уште една помала и многу делови од ѕидините, како и полусрушена византиска црква во облик на крст со падната купола.[2] | “ |
Во 1925 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]
При ископувањата во 1926 г. најдени се остатоци од фрески и наоди поврзани со епохата на Палеолозите. Во 1937 г. црквата е реставрирана врз остатоците на црква од XVII век, но архитектонскиот облик е изменет и реставрацијата се смета за неуспешна.[4][5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads