Црква „Св. Наум Охридски“ - Радишани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Наум Охридски“ - Радишаниmap
Remove ads

Свети Наум Охридски Чудотворецмакедонски православен храм во населбата Радишани во Скопје.[1] Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм[2]. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на св. Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден[2]. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads