Црква „Св. Наум Охридски“ - Радишани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Наум Охридски Чудотворец — македонски православен храм во населбата Радишани во Скопје.[1] Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм[2]. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на св. Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден[2]. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads