Црква „Св. Нектариј“ - Рупишта
црква во Рупишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Нектариј (грчки: Αγίου Νεκταρίου) — црква во градот Рупишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и заедно со „Св. Петка“ е еден од двата парохиски храма во градот.[1]
На 30 мај 1997 г. 420 семејства од Рупишта поднеле молба до Костурската митрополија за оздавање на нова парохија наречена по Свети Нектариј, епископ на Пентапол. Местото за црквата е избрано со потешкотии. На 31 октомври 1999 г. митрополитот Серафим Костурски го положил камен-темелникот на храмот. Градежните работи започнале пролетта следната година и завршиле на 9 ноември 2006 г. со осветување на новата црква.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads