Црква „Св. Петка“ - Рупишта

црква во Рупишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Света Петка“[1] (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во градот Рупишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија и заедно со „Св. Нектариј“ е еден од двата парохиски храма во градот.[2]

Кратки факти Света Петка, Место ...

Храмот во османлиско време бил џамија, позната како Џума џамија, една од четирите во тогашно Рупишта. Според преданието, пред османлиското освојување на нејзино место имало црква посветена на Света Петка. Откако била претворена во џамија, минарето постојатно паѓало сè додека во него не била вратена иконата на Света Петка и пред неа не било палено кандило.[1] Во дворот имало муслимански гробишта.[2]

Со иселувањето на муслиманското население во Турција, во 1925 г. џамијата е делумно урната и претворена во црква со поддршка од пратеникот Јоанис Захос. Камен-темелникот е удрен на 5 октомври 1925 г. од митрополитот Јоаким Костурски и храмот е осветен осветен на 6 септември 1931 г. од истиот владика. За време на митрополитот Доротеј Костурски во дворот е изграден голем духовен центар, подоцна обновен од градоначалникот Михаил Захос.[2]

Remove ads

Парохиски цркви

Во парохијата на „Св. Петка“ влегуваат и следниве цркви:

  • „Успение на пресв. Богородица“ — гробишна црква, изградена во 1859 г., урната во 1970 г. одновно изградена во 1974 г.;
  • „Св. Никола“, изградена во 1885 г. врз остатоците од постар храм, опожарена во 1952 г. и обновена со помош од учителката Аглаја Кирјази;
  • „Св. Илија“ — надворешна црква, изградена во 1969 г.;
  • Успение на пресв. Богородица“ во Лагор, изградена во 1860 г. врз остатоците од постар храм;
  • „Св. Атанас“ во Семаси, изградена врз остатоците од постар храм;
  • „Св. Ирина“ — кај полицијата;
  • „Св. Варвара“ — на аеродромот;
  • „Св. Богородица Фанеромени“ — на денешниот пазар, изградена во 1890 г. и урната во 1940 г.[2]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads