Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска)

црква во селото Љубанци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска)map
Remove ads

Свети Никола — главна селска црква во скопското село Љубанци.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село.[2]

Историја

Народната традиција наведува дека црквата била подигната во исто време како и познатата Јахја-пашина џамија во Скопје. За градењето на црквата, заслуга има еден предок во денешниот род Ниниќевци, кој добил одобрение за изградба на црквата токму од Јахја-паша.[2]

Црквата била повторно поправана во 1881 година.[2]

Архитектура

Фрескоживопис

Црквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2]

Иконостас

Долго време се верувало дека престолните икони за црквата биле изработени од страна на познатиот мајстор Дичо Зограф. Сепак, при неодамнешните теренски истражувања и увид на самите икони, се дошло до заклучок дека престолните икони во црквата не се дело на самиот Зограф, туку на мајсторот Павле Аврамовски од селото Галичник, кој завршил со работа во црквата во 1881 година. Ова е потврдено и со натписот на сводниот лак, кој се наоѓа на јужната страна од црквата. Веројатно, истражувачите во минатото ја поистоветиле оваа црквата со истоимената манастирска црква, која се наоѓа над самото село Љубанци.[3]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads