Црква „Св. Никола“ - Небрегово
црква во селото Небрегово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола – главна селска црква во селото Небрегово.[1] Сместена е на влезот од селото, непосредно по завршувањето на патот кој води од соседното село Дупјачани.
Remove ads
Историја
Црквата била изградена во 1882 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна, полукружно засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е прикажан Свети Никола. Храмот има и спореден влез на јужната страна, а над него исто така има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е насликан Архангел Михаил. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Во јужниот ѕид од надворешната страна на црквата е вѕидана мермерна плоча со релјефна претстава на Атина и Херкул. Пред црквата се наоѓа фрагментиран столб.[3]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа. Изградена е од камен и на секоја страна има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна.
Remove ads
Галерија
- Главниот влез на црквата
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads