Дупјачани

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Дупјачаниmap
Remove ads

Дупјачани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Дупјачани се наоѓа во Прилепското Поле, под северните огранки на планината Злато, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,9 км2. Од Прилеп, селото е оддалечено 16 км.[2]

Селото се состои од двее маала: Горно и Долно Дупјачани.[3]

Историја

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство

Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 565,6 ха, пасиштата зафаќаат површина од 266 ха, а на шуми отпаѓаат 20,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 78 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дупјачани е поделено на Долно Дупјачани со 22 домаќинства и 107 жители Македонци, и Горно Дупјачани со 28 домаќинства и 132 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Дупјачани имало 300 жители Македонци христијани, а во Долно Дупјачани 100 жители исто така Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Дупјачани е село со 240 жители Македонци, а Долно Дупјачани како село со 120 жители Македонци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 155 жители, од кои 154 Македонци и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 127 жители, од кои 124 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Дупјачани е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички. Родови во Дупјачани се:

  • Доселеници: Белоковци (6 куќи) доселени се од соседното село Десово кон крајот на XIX век, уште подалечно потекло имаат од селото Будаково; Тошевци (2 куќи) доселени се после родот Белковци од селото Тројкрсти, и таму се доселени однекаде; Пецевци (1 куќа) доселени се од селото Долнени, најпрво се населиле во Десово, па овде; Бучуковци (1 куќа) родот го основал Анѓеле, кој дошол со мајката после премажување на мајката во ова село, Анѓеле бил од селото Дреновци, таму припаѓале на родот Шиниковци; Поречани (4 куќи) доселени се во 1919 година од селото Лупште, Порече; Копиљаковци (3 куќи) и Крстановци (2 куќи) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, Дебрца; Дупевци (1 куќа) живееле секаде и во Ропотово, Кошино; Сливовци (2 куќи) доселени се во 1926 година од селото Сливово, Дебрца; Гличевци (1 куќа) доселени се од Горно Село, каде имаат истоимени роднини; Караџовци (1 куќа) доселени се од селото Забрчани, таму имаат истоимени роднини; Билимановци (2 куќи) доселени се од Сенокос; Сушичани (4 куќи) доселени се во 1954 година од селото Сушица, Порече.[16]
Remove ads

Општествени установи

Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во него има и пошта, земјоделска задруга и проавница.[2]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1458 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[19]

Културни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[20]

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Митковци и Пецевци иселени се во Горно Село. Клацковци и Големковци иселени се во Мажучиште. Ќуфтевци иселени се во Селце. Има и неколку семејства иселени во Прилеп.[16]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads