Небрегово
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Небрегово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Небрегово се наоѓа во Прилепско Поле, на јужното подножје на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 16,8 км и се граничи со атарите на селата: Присад на исток, Дабница на југ, Горно Село и Дупјачани на запад, и Дреновци и Оморани на север. Од Прилеп е оддалечено 20 км.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]
Селото се споменува во написот насловен „Заград и заградчани — На гробот од Глигор Соколовиќ“, објавен во српскиот весник Политика на 21 ноември 1934 година.[4]
Стопанство
Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 618 ха, пасиштата се на површина од 481 ха, а на шуми отпаѓаат 380 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Небрегово е село со 40 домаќинства и 166 жители Македонци.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небрегово живееле 522 жители Македонци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 280 Македонци.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Небрегово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]
Небрегово е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 303 жители, а во 1994 година 155 жители, македонско население и само двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, селото Небрегово броело 156 Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 105 Македонци и 13 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Небрегово е македонско село.
Родови во селото се: Црвенковци (12 к.), Дудевци (5 к.) и Шербановци (3 к.) изгледа тоа се стари доселеници, кои не знаат од каде се доселени; Рујановци (11 к.) доселени се од местото Рујан на планината Мукос, денес тоа место припаѓа во атарот на селото Оморани, доселени се кон крајот на XVIII век; Љамевци (8 к.) и Димчевци (4 к.) порано биле еден род, Љамевци се делат на Соколовци и Коневци, доселени се од Дебарско. Од нив потекнуваат Блаже Конески и Глигор Соколов; Димковци (6 к.) доселени се од селото Десово, можеби таму биле староседелци; Пишкар (1 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од Маргари или Стровија; Мраморци (1 к.) доселени се во турско време од селото Мало Мраморани; Голомадевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Варош (денес маало во Прилеп).[16]
Remove ads
Општествени установи
Во селото работи подрачното основно училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до петто одделение.[17] Освен тоа, во селотом има и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1462 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.[19]
Културни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[20]
- Гробиште — осамен наод од римско време;
- Дрениче — населба од доцноантичко време;
- Латинска Црква — црква и некропола од старохристијанско време;
- Лечиште — населба од неолитско време;
- Манастириште — населба од доцноантичко време;
- Орман — кастел од римско време;
- Селска Црква — осамен наод од римско време.
- Манастири[21]
- Споменици
- Спомен-дом на Блаже Конески.
- Цркви[21]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква.
Remove ads
Личности
- Родени во Небрегово
- Глигор Соколов (1870 - 1910) — војвода;
- Ѓорѓи Нешков (1877 - ?) — македонско-одрински доброволец;
- Блаже Конески — македонски поет и јазичар.
Галерија
- Поглед на селото
- Сретселото
- Спомен-домот на Блаже Конески
- Натписна плоча на спомен-домот на Блаже Конески
- Основното училиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads