Црква „Св. Никола“ - Невеска

црква во Невеска, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Никола“ - Невескаmap
Remove ads

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Невеска, Леринско, Егејска Македонија.[1]

Thumb
Ктиторскиот натпис од 2002 г.
Кратки факти Свети Никола, Место ...

Црквата е изградена во 1867 година врз постар и помал храм за време на владикувањето на митрополитот Никифор I. Ктитор бил Михалис (Михас) Цирлис. Живописан е подоцна, со ктиторството на Жан Нику, тутунски магнат во Шведска, родум од Невеска. Градбата е голема петкорабна базилика со дрвен покрив со ќерамиди, и претставува прекрасен пример за македонска архитектура од XIX век. Храмот настрадал во 1878 г., при задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. и за време на окупацијата во Втората светска војна во 1943 г. Речиси е уништен во април 1947 г. за време на Грчката граѓанска војна, и во 1951 г. е напуштен.

Во 2002 г. е целосно обновен во вредност 2 милиона долари, подарени од банкарот Николаос Сосидис, син на Џон Сосидис од Невеска.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads