Невеска

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Невескаmap
Remove ads

Невеска (грчки: Νυμφαίο, Нимфео; до 1926 г. Νέβεσκα, Невеска[2]; романски: Nevesca) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 132 жители (2011), сочинето од Власи.[3]

Кратки факти Невеска Νυμφαίο, Земја ...
Thumb
Поглед на Невеска.
Thumb
Улица во Невеска.
Thumb
Златарскиот, етнографски и историски музеј во Невеска.
Remove ads

Географија

Селото е сместено околу 50 км јужно од Лерин на источниот разгранок на Вич наречен Невешка Планина.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1481 под името Невеска со 6 домаќинства.[4]

Во османлиските дефтери на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. се вели дека Невеска било село со 94 даночни домаќинства.[5] Познато е дека селото првично било наполно македонско, но подоцна станало влашко со доселување на Власи од Епир.

Во 1867 г. е изградена големата црква „Св. Никола“. Во 1874 г. во Невеска е изградена знаменитата Мерџова куќа, која денес е заштитена како културно добро.[6]

Во XIX век Невеска била голема влашка паланка. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Невеска е заведена двапати — еднаш како Невеска (Néveska), гратче во Леринската каза со 500 домаќинства и 1.300 жители Власи, а вторпат под името Невесна (Névesna) како гратче во Костурската каза со 250 домаќинства и 900 жители Власи.[7] Според германскиот истражувач на Власите Густав Вајганд во гратчето живееле 2.000 души власи. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Невеска:

На 4 12 часа на исток од Клисура и на 3 12 часа на север од Михово [Лехово] се наоѓа друго мало гратче Невеска. Во него има 250-280 куќи, кои плаќаат 22.300 пијастри данок. Жителите на ова гратче во најголема мера се занимаваат со трговија или — како клисурци — одат на печалба. Невеска е позната по смелоста на нејзините жители, които влеваат страв во околните христијани и Турци. Иако гратчето е сместено на висорамнина, почвата му е непогодна за земјоделство. Но затоа има добри пасишта и пространи шуми. Тука има три цркви со еден свештеник, едно општо и едно грчко училиште.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Невеска имала 2.300 жители Власи.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Невеска се води како чисто влашко село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 450 куќи.[10]

На почетокот на векот Невеска била под силна грчка пропаганда. Огромен дел однаселението ѝ било верно на Цариградската патријаршија и во гратчето работеле основно и средно грчко училиште. Според патријаршиската статистика во Невеска имало 360 патријаршистички (гркомански) семејства и 40 семејства со романска свест; според други грчки податоци — 360 патријаршистички и 100 проромански. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Невеска имало 2.300 Власи и работело по едно прогимназијално и едно основно грчко и влашко училиште.[11]

За време на Илинденското востание во август 1903 г. Невеска и соседното влашко гратче Клисура за кратко биле ослободени од четите на македонските војводи Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Никола С. Андреев и Марко Иванов.[12] Невеска била обиколена на 12 август од три страни од костурските чети, а од север — од леринските, вкупно 2.000 четници. Блацката чета на Коста Василев поддържа огъня и подсигурява настъплението на четата на Иван Попов.[13] След това селото се претворено во упориште на грчката вооружена пропаганда во Македонија (андартите).

Во првите денови на април 1908 г. власта направила претрес на селото, спроведен со мачење и насилство.[14]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.857 жители.[3] Во 1920 г. населението опаднало на 1.176 лица, а во 1928 г. гратчето броело 1.247 лица. Ова опаѓање се должи на значајно иселување во градовите и во странство, особено во Романија.[3] Во 1926 г. властите го преименувале селото во Нимфеон, што е буквален превод на македонското име.[15] Во 1932 г. е забележано дека гратчето имало 369 семејства, од кои сите зборувале влашки, а 15 од нив биле со „изјавена романска свест“. Во периодот од 1939 до 1940 г. работело романско училиште.

Гратчето силно настрадало во Втората светска војна. Во 1945 г. во него живееле 976 лица, од кои 40 биле со романска свест. Особено погубна за Невеска била Граѓанската војна, по која почнала да се празни, така што во 1951 г. во неа имало само 360 лица.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е чисто влашко.[16]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во минатото Невеска живеела од трговија, а во поново време населението се занимава со огледување компири и шумарство.

Поврзано

  • Вич
  • Невешка Планина

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads